За подобра организација и вистински каубојски ред, ве молиме потврдете го вашето присуство. Дивиот Запад знае да биде непредвидлив, ама барем гостите да ги броиме!
Кај нас секој ден е Дивиот Запад, ама овој пат сакаме да го споделиме со вас!
Гаиа полни 2 години, па ве каниме на една вистинска каубојска журка – со супер храна, пијачки и забава што ќе ве остави без збор!
Доаѓајте, да не мораме да ве бараме со награда!
Дрес код: Право од Дивиот Запад (или како ви душа сака)
Ставете шешир, облечете чизми и влезете во вестерн стил – ама ако немате, не грижете се, ќе ве примиме и така.
Најважно е да дојдете спремни за забава – за останатото ќе се погрижиме ние.
Отворете ја мапата, но следете ги кактусите (како овој погоре) поставени на неколку локации околу Спортска Сала Борис Трајковски – да не залутате и да станете легенда на Дивиот Запад!
Интересите на Гаиа (сега за сега)
- Животни (буквално секакви), коњи, мачиња, кучиња (особено Кара), прасиња
- Книги (сликовници по можност со природа и животни)
- Интерактивни книги со активности
- Play-doh пластелини и играчки за правење форми
- Сликање со бои, цртање, боење
- Кукли и бебиња
- Лего коцки
- Светкава облека и облека со апликација животни